Цели

Посебна цел

Посебна цел - со примена на современи истражувачки методологии, анализа на јавните политики и нивното влијание, и со примена на современи комуникациски стратегии и медиумски алатки во насока на иновативно застапување, на добрите европски и светски практики и на новите технологии, особено информатичките, да влијае на јавната свест и да иницира структурни промени во:

  • Социјалната сфера - прашања поврзани со социјалната нееднаквост, сиромаштијата, невработеноста, маргинализацијата врз основа на етничка, родова или возрасна нееднаквост.
  • Медиумската сфера - прашања поврзани со професионализмот во медиумите, новинарската етика и со општествената одговорност на медиумите, со слободата на медиумите, корупцијата, клиентелизмот и со скриените влијанија врз нив, но и со влијанието што го имаат медиумите врз јавната свест, индивидуалниот и општествениот развој, прашања поврзани со медиумска писменост и со нејзиното влијание врз општествените текови, како и развој на статистичкото и на граѓанското новинарство.
  • Културната сфера - прашања поврзани со културните политики во земјава и во регионов, влијанието на културата врз развојот на општеството, значењето на културата како алатка за позитивни промени, интердисциплинарни анализи и истражувања.
  • Подигнување на јавната свест - прашања поврзани со улогата и со учеството на поединецот во општествените текови, неговата освестеност и моќ за социјални промени, прашања за активизмот, волонтерството и за општествено одговорното дејствување , како и прашања за влијанието на новите технологии врз хуманите вредности и врз вредностите во општеството како целина.
  • Засилување на граѓанскиот сектор со слична мисија и унапредување на соработката со институциите - пред сè преку создадените партнерства со организации од ЕУ и од регионот и пренесувањето на нивните искуства во локалните партнерства, но и преку примерите на добри практики на „Паблик“ и по пат на директна едукација, советување и ангажирање експерти на национално и на меѓународно ниво во полето на развој на социјалните структури, како и организацискиот и институционален развој.