Цели

Општа цел

Општа цел е подобрување и унапредување на социјалната, медиумската, образовната, културната и на другите сфери релевантни за општествениот развој на земјата, со активности дефинирани преку одлуки донесени врз основа на заклучоци од истражувања, размена на искуства и примена на добри практики од земјите на Европската унија и пошироко, од меѓународната и од регионалната соработка и синергетското дејствување со странските партнерски организации, како и со институциите и со другите ентитети во земјава и во странство. 

Посебна цел

Посебна цел - со примена на современи истражувачки методологии, анализа на јавните политики и нивното влијание, и со примена на современи комуникациски стратегии и медиумски алатки во насока на иновативно застапување, на добрите европски и светски практики и на новите технологии, особено информатичките, да влијае на јавната свест и да иницира структурни промени во: Социјалната сфера - прашања поврзани со социјалната нееднаквост, сиромаштијата, невработеноста, маргинализацијата врз основа на етничка, родова или возрасна нееднаквост. Медиумската сфера - прашања поврзани со професионализмот во медиумите, новинарската етика и со општествената одговорност на медиумите, со слободата на медиумите, корупцијата, клиентелизмот и со скриените влијанија врз нив, но и со влијанието што го имаат медиумите врз јавната свест, индивидуалниот и општествениот развој, прашања поврзани со медиумска писменост и со нејзиното влијание врз општествените текови, како и развој на статистичкото и на граѓанското новинарство. Културната сфера - прашања поврзани со културните политики во земјава и во…
Subscribe to this RSS feed