Вести

Награден конкурс за најдобри маски инспирирани од книги

ЕВН Македонија, во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, објавува награден конкурс за најдобра маска инспирирана од книга, со што ќе се одбележи Светскиот ден на книгата за деца, 2 април.Право на учество на овој повик имаат сите ученички и ученици на возраст од 6 до 14 години од сите основни училишта низ Македонија.Конкурсот е отворен до 29 март, до кога учесниците треба да испратат фотографии на кои се фотографирани со своите маски, на следнава е-адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..Финалната средба на „ликовите од книгите“ ќе се случи на први април, Денот на шегата, кога ќе бидат доделени и наградите за најкреативните маски, за кои ќе решава тричлено жири.За најкреативните пет маски ЕВН ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.Фотографии со најдобрите маски ќе бидат објавени и на страниците на уличното списание „Лице в лице“, чијшто следен број ќе биде посветен на книгата и на нејзината моќ.…
Read more...

Отворена првата од трите читалници за подигање на читачката култура кај децата

Нова читалница која ќе ја посетуваат деца на различни возрасти и која ќе служи за збирно место за работилници, промоции, литературни читања и други активности, беше промовирана вчера во Основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром во Скопје. Читалницата е дел од кампањата за подигање на читачката култура кај младата популација, која ја креираше Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, под покровителство на ЕВН Македонија. Извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски изјави дека во соработка со експерти од „Бреинобреин“ Македонија, креирана е и едукативна програма која во оваа фаза ќе биде применета во три општини – Аеродром, Струга и Битола, токму во простории како оваа во Скопје. - Во читалници кои што делуваат мотивирачки врз младата популација направени според истражувањата на лидерот во уредувањето училишни простори „Steelcase”, ќе биде спроведена програма за доближување на книгата до учениците следејќи ги нивните афинитети. Врз основа на евалуацијата од првата фаза на…
Read more...

ПАБЛИК, новото лице на ЦМА

Здружението за истражување, комуникации и за развој, „Паблик“, со почетокот на 2015 година почнува нова фаза во своето работење. Откако се ребрендираше од Центар за медиумски активности (ЦМА) во „Паблик“, здружението постави нова организациска структура и е целосно посветено на развој на проекти чии што резултати директно влијаат врз главните столбови на кои се темели нашата визија – општество со еднакви можности и свесност и вклученост на граѓаните во креирање на истото.
Read more...

Нов број на уличното списание на Меѓународниот ден на ретки болести

„Кога добив дијагноза на редок пациент не бев свесна за значењето ниту за последиците од истата. Имав 7 години кога моите родители ја добија информацијата за ретката болест, заедно со фактот дека нивното дете веројатно нема долго да живее со таа дијагноза.
Read more...

Меѓународна недела на продавачи на уличен печат

Оваа година ќе се одржи по трет пат низ светот, во организација на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов. Единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, кое е и член на ИНСП, по трет пат се приклучува кон глобалното одбележување на овој настан, кој ја слави работата на продавачите на 114 улични весници и списанија од целиот свет.
Read more...
Subscribe to this RSS feed