Вести

Презентиран индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички пракси поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите кои се однесуваат на медиумскиот пазар. Македонија, заедно со Босна и Херцеговина, е последна во регионот, со дури негативна вредност на индексот за целокупниот систем за справување со клиентелизмот во медиумите. Ова го покажуваат резултатите од првото емпириско мерење на индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, како и во Романија, во БиХ, во Хрватска, во Србија и во Црна Гора, презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста” организирана од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.Македонија е најлошо рангирана кога станува збор способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство…
Read more...

United. No to terror: Без нас медиумите, теророт е само трагичен настан, после кој побогати со болка и искуство, одиме понатаму и го почитуваме животот

Теророт е сèпроникнувачки страв со кој некој или нешто се обидува да нè увери да го направиме точно она што го сака. - Со убав збор можете многу да направите, но со убав збор и со пиштол – можете многу повеќе - се осврна на својот последен „деловен“ успех, Ал Капоне, еден од шефовите на мафијата кој предизвика најмногу страв кај луѓето со кои бил во контакт. Психологијата на стравот и користењето на стравот во секојдневните стратегии, е најчестиот облик на човечкото и ѕверското остварување на ултимативните цели. Иако се чини идентична и ретка, тактиката на стравот, всушност, е сèприсутна, од политичките кампањи, преку маркетингот на медицинските производи, до собирање „стада“ од страна на верските заедници. Секогаш некаде во позадината ќе слушнете дека: ако не го направите она што ви се препорачува, следува казна, последица, страдање. Кога таквите тактики ќе го земат својот насилен и девастирачки облик на повредени тела,…
Read more...

Водич за новинари за известување за бегалската криза

Апел до колегите и до сите оние кои известуваат или јавно зборуваат за бегалците: Да не причиниме дополнителна штета! Бруталната ескалација на вооружените конфликти од Северна Африка до западна Азија во последната деценија, принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Незначителна е бројката на бегалците и раселените лица кои успеале да стигнат на европскиот континент, и токму ова денес го нарекуваме европска бегалска криза. Политизација на прашањето на хуманитраната катастрофа во европските земји, политичките кусурења и предизборните кампањи кои наместо со внатрешни социоекономски теми се занимаваат со бегалците, посочувајќи ги како причинители на сите проблеми, создадоа силни општествени поделби и тензии. Бидејќи во известувањата, значителен број медиуми ги кршат правата на бегалците, со што дополнително се отежнува нивниот статус и права, ние - членките на регионалниот проект „Медиумски круг“, апелираме до сите што известуваат за медиумите или во јавниот простор реферираат на бегалската криза, да обрнат внимание на следното:…
Read more...

Паблик учествуваше на информативна средба за социјално претприемаштво

На средба, иницирана од страна на Младиинфо-Македонија, денес во просториите на општина Гази Баба, претставници од организации и институции кои работат на проекти и програми од областа на социјалното претприемништво меѓусебно дискутираа за активностите што ги спроведуваат. На средбата учествуваше и претставник на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ, кој сподели повеќе информации со присутните за Законот за социјално претприемништво, кој е во подготовка. Притоа, тој нагласи дека кај останатите министерства постои релативно позитивна клима за донесување на горенаведениот Закон, а во блиска иднина најави и фондови од Европската унија за финансирање на социјални претпријатија. Во однос на законската регулатива во подготовка, социјалните претпријатија во Македонија нема да се регистрираат како посебни ентитети, а бенефициите кои истите би ги добивале не се сѐ уште јасно дефинирани. Интенцијата на законот е привлекување на микро-кредитирање и стимулирање на претприемаштво, изјави Томшиќ. Претставник на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“…
Read more...

Паблик учествуваше на 5-тата Интернационална истражувачка конференција за социјални претпријатија, насловена „Градење научна основа за унапредување на еко-системот на социјалните претпријатија“

EMES European Research Network (ЕМЕС меѓународна истражувачка мрежа) во партнерство со Финската мрежа на социјални претпријатија (FinSERN) ја организираа 5-тата Интернационална истражувачка конференција за социјални претпријатија, насловена „Градење научна основа за унапредување на еко-системот на социјалните претпријатија“, која се одржа од 30 јуни до 03 јули во Хелсинки, Финска. Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во рамките на спроведувањето на истражувачкиот проектот „Можностите и предизвиците на социјалните претпријатија за вработување маргинализирани групи“, поддржан од „Регионалната програма за промовирање истражување“, учествуваше на конференцијата. Меѓудругото, дел од резултатите беа презентирани за време на сесијата „Споредување на моделите на социјални претпријатија во Централна и Источна Европа“ . Првобитните наоди од компаративната анализа за Македонија, Албанија и Косово, беа презентирани за време на сесијата „Споредување на моделите на социјални претпријатија во Централна и Источна Европа“ . Фокусот на презентацијата беа социјалните претпријатија во земјите во транзиција- наследството од социјализмот, предизвиците од капитализмот и…
Read more...

ПАБЛИК стана членка на европската мрежа ФЕАНТСА

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК стана членка на Европската федерација на национални организации кои работат на полето на бездомништвото ФЕАНТСА. Членството дојде по учеството на ПАБЛИК на конференцијата на ФЕАНТСА во Париз, на која се разгледуваа политики и разни прашања поврзани со прблемот на бездомништвото. Токму на ова поле работи и ПАБЛИК во земјава, преку Анализата на бездомништвото во Македонија. ФЕАНТСА е основана на 1989 година, како европска невладина организација која работи на превенција и намалување на сиромаштијата, социјалната исклученост и бездомништвото. Станува збор за единствената, главна европска мрежа која се фокусира на проблемот на бездомништвото и во моментов има над 130 организации – членки кои работат во 30 земји во Европа.
Read more...

ОТВОРЕНА НОВА ЧИТАЛНИЦА НА ЕВН ВО БИТОЛА: Преку кутија за чевли - поблиску до книгата и желбата за читање

И една кутија за чевли може да биде вистински избор на реквизит со кој младата публика ќе се поттикне да ѝ се доближи на книгата и да го засака читањето.Во ова нѐ уверува учителката од Битола, Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри едукатори во светот, а од неодамна едукаторка и на најмладата група, (6 до 8 години), која ги посетува работилниците за подигнување на читачката култура и развивање позитивен став кон книгата, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, како продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики. Првите едукативни средби со најмладите битолски ученици Богдановиќ ги започна токму со една ваква работилница. -Ако на децата им предложиме за време на читањето на лектирата или книгата да направат посебна своја читачка кутија, тоа би ги задржало заинтересирани, затоа што тука читањето би било придружено и со анализа,…
Read more...

Социјална Европа треба да се доближи до најранливите

Конференцијата, „Бездомништвото, локален феномен со европска димензија- клучни чекори за поврзување на заедниците во Европа“ која се одржа од 18-21 јуни во Париз, Франција , донесе на исто место широк ранг експерти: истражувачи, експерт од областа на домувањето и социјалната заштита, претставници од невладиниот сектор, министерства и од локалната самоуправа. Климентина Илијевски, извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Александра Илоска, истражувач, учествуваа на тридневниот настан, при што учесниците беа запознаени со тековното истражување на ПАБЛИК- Анализа на бездомништвото, кое претставува прво од ваков вид во земјата, практиките на организацијата во комуницирањето на овој проблем со јавноста и институциите, а се укажа на проблемот на скриено бездомништво во земјата. Во рамките на истражувањето, ќе биде поставена првата дефиниција за оваа таргет група во Македонија, ќе се анализираат идентификуваните типологии на бездомни лица и во согласност со резултатите ќе се се дефинираат стратешките приоритети на земјата во…
Read more...

Паблик, ИНКА и ЕВН со работилници во новата читалница во Струга

Од денеска во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга е отворена новата читалница на ЕВН Македонија, која е продолжение на нивниот проект за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики. Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младите луѓе на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со Здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА. На овие работилници, преку неконвенционални методи ќе им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од индивидуалните потреби и капацитети на децата. Тимот едукатори ќе настојува навиката за читање да ја подобри преку низа техники, кои ги опфаќаат социјалниот аспект, но и интеркултурната димензија вклучувајќи ученици од различни етнички групи. - Идејата за поддршка на развојот на читачките навики почна со проектот „Создади книга” во рамки на кој успеавме да издадеме три збирки раскази…
Read more...

Со секој купен 15. број на „Лице в лице“ – подарок книга

Со мотото „Создај навика!“, преку комуникација со публиката и претставување на практична работа од работилници за поттикнување на читачките навики кај децата ќе биде промовиран 15. број на уличното списание „Лице в лице“. Настанот ќе се одржи утре, четврток, 7 мај со почеток во 11 часот, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Табернакул“. Публиката ќе биде сведок на креирање нови песни, на цртање стихови, на споделување емоции преку стихови или цитати од книги, а ќе биде и дел од случајни читачки средби. Главни актери на промоцијата ќе бидат учениците кои ги посетуваат едукативните работилници кои се дел од кампањата за поттикување на читачките навики кај децата, која ја креираше и ја спроведува Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, а е дел од проект на ЕВН за поддршка на македонската литература и творештво за поттикнување на читачките навики. Модератор на настанот ќе биде новинарката и водителка…
Read more...

Ноќно читање со ЕВН Македонија

Читање на сегменти од раскази на авторите Владимир Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, Верче Карафилоска, Симона Јованоска, Лира Бојку и Петар Андоновски, кои се дел од збирката „Раскази.мк“, од проектот „Создади книга“ на ЕВН Македонија ќе се случи оваа сабота од 20 часот во лаунџ барот „Телеком Тренд“ во Скопје. Настанот е насловен „Ноќно читање со ЕВН Македонија“ и се одржува втора година по ред како поддршка на кампањата „Часот на планетата Земја“. Гостите на настанот ќе имаат можност да чујат за придонесот на ЕВН во кампањата против климатските промени „Часот на планетата Земја“, во чии рамки пак, 64 објекти во земјава ќе потонат во мрак, а по гасењето на светилките, од 20.30 до 21.30 часот, ќе се читаат сегменти од раскази на авторите. Присутните ќе имаат можност да слушнат за идејата, иднината и други подетални информации за проектот „Создади книга“. Настанот е замислен како можност за посетителите да читаат во темнина,…
Read more...
Subscribe to this RSS feed