Актуелно

Законот за социјално домување – неопходен чекор кон решавање на проблемот со бездомништвото

Разгледување на дефиницијата за бездомништвото во Македонија, која ја креираше Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, после едногодишното прво длабинско истражување на оваа тема во земјава, важноста на Законот за социјално домување во насока на решавање на проблемот со бездомништвото, како и тоа колку е важно да се мери и категоризира оваа општествена појава, како основа за дефинирање приоди во решавањето на проблемот – беа главните точки околу кои се фокусираше четвртата средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво, која се одржа во хотел „Порта“, на 3 мај.



На настанот, стражувачката Александра Илоска, говореше на тема „Мерење на бездомништвото – бројките и категоризацијата како основаа за дефинирање приоди во решавањето на проблемот“. Таа ги претстави трите концептуални категории (без покрив; несигурни живеалишта и несоодветни живеалишта) поделени во 13 оперативни категории, кои можат да се користат за дефинирање различни цели на политиката како бележење на проблемот со бездомништвото, развој, мониторинг и евалуација на политиката. Илоска говореше и за тоа како е дефинирано бездомништвото во некои земји во регионот, како и во дел од Западна Европа.


Во продолжение, беше презентиран и софтверот за мерење на бездомништвото, што го изработи шведската компанија Further, во рамките на нивното општествено одговорно делување.

На средбата се разви и дискусија за важноста од донесување Закон за социјално домување, а, исто така, беше разгледана и моментната дефиниција за бездомништво до која дојде „Паблик“ после едногодишното истражување.

На настанот, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, со поддршка на Националниот демократски институт, (НДИ), учествуваа претставници на јавни институции, на здруженија на граѓани, претставници на Академијата.

08.05.2017




08.05.2017